Во Сиднеј ајкула уби пливач, плажите затворени првпат по 60 години

Во Сиднеј ајкула уби пливач, плажите затворени првпат по 60 години

пред 3 години

Властите во Австралија по 60 години вчера затворија неколку плажи во Сиднеј, откако ајкула уби пливач. Станува збор за Британецот Сајмон Нелист (35), кој дошол на плажа со неколку пријатели. Одделот за примарна индустрија во Нов Јужен Велс соопшти декаНелист најверојатно го нападнала бела ајкула долга најмалку три метри. Ова е прв фатален напад од ајкула во Сиднеј по 1963 година.

Сега, во близина на местото на нападот се поставени водени стапици за ајкули, а во областа се распоредени и дронови за да се пронајде ајкулата. Властите велат дека ајкулите не се приближуваат близу брегот на Сиднеј бидејќи постои одлична подводна заштита која ги спречува да поминат, па сега се обидуваат да го најдат и местото каде што ајкулата ја пробила заштитата.

Нападот се случил на плажата Литл Беј, на околу 20 километри јужно од Сиднеј, во заливот Ботани. Освен оваа, затворени се и светски познатите плажи Бонди и Бронте.

Share
Scroll to Top