Консумирање алкохол и вршење нужда на јавни површини, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини, консумирање храна или пијалок на јавни површини, престој во угостителски објекти по завршување на работното време во Сплит ќе се казнуваат и до 300 евра.
Построгите казни биле поттикнати од дивеењето на туристите кои уринираат по споменици, повраќаат по улиците и на различни начини го нарушуваат животот на локалното население. Одлуката за јавниот ред и мир ја донесе Сплитскиот градски совет кој експресно забранил и изрекол казни за некои активности.
Забрането е и качување и седење на споменици и спомен-плочи, со парична казна од 300 евра ќе се казни влегувањето, качувањето и капењето во фонтаните, но и склучувањето договор на такси услуга што не е однапред договорено. Глоба од 150 евра ќе се изрече и за повраќање на јавни површини, со иста казна како изведување на градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 7 часот.
Во текот на 90-те дена во туристичката сезона, секоја вечер од 22 до 04 часот на терен ќе бидат по десет лица од обезбедувањето за да и помогнат на полицијата.