Откако Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари решија да му кажат на целиот свет зошто решија да го напуштат британското кралско семејство реакциите сè уште не се стивнуваат. И додека многу светски медиуми и филмски продуцентски куќи се борат да соработуваат со нив, српските режисери излегоа со проект за животот на двојката која реши да ја напушти Бакингемската палата и да се пресели во Америка.
Како што српските медиуми наводно дознаваат главните улоги, треба да ги толкуваат фолк пејачката Тања Савиќ како војвотката од Сасекс – Меган Маркл и Владимир Алексиќ, како нејзиниот сопруг – принцот Хари. Улогите сè уште не им биле понудени, но режисерот, чие име се чува во тајност, ги сака во неговиот проект. Кој ќе ја добие понудата да ги игра принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, кралицата Елизабета, но и нејзиниот син Чарлс, снаата Камила и сопругата на принцот Филип, сè уште не е познато. Како што не е јасно зошто режисерот ја сака токму фолк пејачката во улога на Меган. Според извори од актерските кругови, специјално за таа пригода во Војводина ќе се гради модел на Бакингемската палата, кој ќе се користи за снимање на филмските сцени.
Исто така, веродостојно ќе бидат прикажани сите делови засновани на интервјуто што Меган и Хари неодамна и го дадоа на водителката Опра. Актерот Владо Алексиќ, се изнасмеал кога новинарите го повикале и му објасниле какви информации добиле. За него, овој проект изгледа нереален.
„Кога официјално ќе ја добијам таа понуда, тогаш ќе разговараме. Сега само слатко ме насмеавте“ – рекол Алексиќ. Фолк пејачката Тања Савиќ засега била недостапна за свој коментар.