Во Турција падна снег во јуни

Во Турција падна снег во јуни

пред 3 години

Во неколку турски провинции кои се наоѓаат на брегот на Црното Море, среде јуни падна снег. Снег падна во голем број високопланински села во провинциите Ардахан, Ризе и Болу, а снег има и на популарниот скијачки центар на вулканот Ерџиес во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, објави Си-Ен-Ен Турк.

„Времето вчера беше прекрасно. Се разбудивме наутро – сè беше покриено со снег. Не е зима, туку лето, јуни“, изјави жител на селото Каврун Јилас, во провинцијата Ризе, за телевизијата ТРТ Хабер.

Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот дел на Турција.

Турскиот метеоролошки завод предупреди на обилни врнежи од дожд долж брегот на Црното Море и ги повика граѓаните да преземат мерки на претпазливост.

Share
Scroll to Top