Во шоуто на Опра, Хари открил дека се плашел дека Меган може да ја доживее судбината на неговата мајка, принцезата Дајана

Меган можела да ја доживее судбината на принцезата Дајана, откри Хари во шоуто на Опра

пред 4 години

„Си-би-ес“ објави неколку кратки видеа од најавеното интервју на популарната американска водителка Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

На видеото поранешната кралска двојка зборува за кралскиот живот и зошто тие решиле да го напуштат семејството и да заминат во Америка. Хари зборува дека стравувал за животот на неговата сопруга и дека се плашел дека ако останат, Меган би можела да ја доживее истата судбина како и неговата мајка, поранешната принцеза Дајана, која трагично загина во сообраќајна несреќа. За нејзината смрт подоцна се јавија бројни теории дека кралското семејство, на некој начин е поврзано со трагичниот настан.

Хари зборува дека Меган на почетокот кога стапиле во брак, поминала низ тежок период, но дека тој бил тука за неа и дека двајцата си биле поддршка.

„Барем се имавме еден со друг“, прокоментирал Хари на видеото.

Целосното интервју се очекува да се емитува во САД на 7 март. Засега останува нејасно кога ќе се прикаже во Велика Британија. Во интервјуто Меган зборува за бракот, мајчинството, за животот како член на кралското семејство и како се справува со притисокот од јавноста, соопшти „Си-би-ес“.

Share
Scroll to Top