Персоналот во кралската палата имаат посебен прекар за Хари и Меган Маркл, пишува авторот Гајлс Брандрет во книгата за покојната британска кралица Елизабета, Elizabeth: Intimate Portrait. Тој вели дека секогаш кога ќе се споменеле имињата на војводата и војвотката од Сасекс, персоналот ја менувал темата.
„Освен тоа ги нарекувале и лицата кои живеат во странство“, рече Гајлс и објасни дека сличен пристап имале и другите членови во кралското семејство. Ако некој во палатата ги спомене Хари и Меган, членовите од кралското семејство само кратко ќе се насмеале и ќе одговорат дека им посакале сè најдобро.
Освен тоа авторот тврди дека кралицата не ги забраниле документарците на „Нетфликс“ за серијата за Сасекс. Наводно поважно ѝ бил добробитот на Хари и Меган, отколку телевизиските глупости кои се прикажувале за нив. Брандет пишува дека Елизабета се надевала дека Хари во Калифорнија ќе застане на свои нозе и дека ќе се занимава со нешто корисно. Била прилично опуштена околу кралската драма.
За потсетување, документарецот за војводата и војвотката од Сасекс, за нивниот живот и односот кои го имале кон кралското семејство, ќе се појави на „Нетфликс“ порано од очекуваното, веќе во декември.
Од следната година ќе излезат и мемоарите на Хари „Резерва“, кои како што некои извори тврдат, ќе може да значат крај за било какви понатамошни односи кои Хари ќе сака да ги има со кралското семејство.