Гала ревија на холандската креаторка Анук Випрехт и македонските студенти по моден дизајн во Скопје

Гала ревија на холандската креаторка Анук Випрехт и македонските студенти по моден дизајн во Скопје

пред 2 години

Во Националната опера и балет вчеравечер се одржа модниот настан „Осветлено“ на кој специјална гостинка беше холандската дизајнерка Анук Випрехт. Таа, заедно со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при ТМФ претстави десетина модни дизајни со вештачка интелигенција, кои се осветлуваат и движат на човечкото тело.

Модниот настан беше заокружување на проектот кој го организираше Амбасадата на Холандија, а во кој Анук Випрехт одржа неколку предавања за студентите од Институтот. На овие презентации студентите добија насоки како да ја користат современата технологија во модниот дизајн. Пред неколку дена Випрухт дојде во Скопје и каде заедно со професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева одржаа работилници на кои студентите создадоа оригинални модни дизајни, а кои беа претставени на модниот настан.

Гостите имаа можност да видат и дел од оригиналните високотехнолошки модни дизајни на Анук, но и креациите на Георгиева инспирирани од животот на Јованка Броз, кои таа неодамна ги претстави на ревијата „Јованка во боја“ што се одржа во Белград.

Меѓу гостите беа и првата дама Елизабета Ѓеоргиевска и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, креаторката Тања Кокев, манекенката Маја Сашек, режисерот Милчо Манчевски, претставници на дипломатскиот кор и други.

Дизајните изработени од студентите ќе бидат изложени во просториите на Млади Хаб од 12 декември.

Фото: Томислав Георгиев и Горан Бошковски

Share
Scroll to Top