Галеријата Уфици со бесплатна онлајн изложба слави 700 години од смртта на Данте Алигиери

Галеријата Уфици со бесплатна онлајн изложба слави 700 години од смртта на Данте Алигиери

пред 3 години

Галеријата Уфици во Фиренца ќе ја направи онлајн достапна изложбата во чест на 700-годишнината од смртта на италијанскиот поет Данте Алигиери.

На виртуелната изложба ќе има 88 ретко изложувани цртежи од неговата „Божествена комедија“.

Сликите ќе бидат прикажани во висока резолуација и ќе содржат дела од ренесансниот уметник од 16. век Федерико Зукари. Цртежите го илустрираат ремек-делото на Алигиери, најзначајното литературно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јaзик.

„Овие цртежи досега биле само два пати изложени јавно, а достапни беа само за студенти и ученици. Изложбата ќе биде бесплатна, во секој час од денот, за секого“, рече директорот на Уфици, Ајке Шмит.

Share
Scroll to Top