Вилата на Тито е една од најатрактивните локации во Далмација за свадби, а според хотелиерите, саботите до почетокот на пандемијата биле резервирани две години однапред. Сега таа повторно може да се изнајми и чини речиси 4.000 евра за ден.
Оваа сума градот Сплит ја одреди на крајот на 2018 година, иако се очекува да се зголеми од еден, пишуваат хрватските медиуми.
„Зголемувањето на цената се должеше на фактот дека објектот има оперативни трошоци, кои вклучуваат електрична енергија, вода, греење или ладење, ангажирање дополнителен персонал за време на настанот. Исто така, дел од износот оди и за трошоците за чистење“, рекол за „Слободна Далмација“ Марин Урлиќ, управител на комплексот.
Вилата која се наоѓа под Марјан е изградена 1914 година од страна на претприемачот Фрањо Шилер. До Втората светска војна таа се викала Вила Шилер. Во 1947 година вилата го привлече вниманието на тогашната власт. Таа беше конфискувана и уредена за Тито, а потоа беше именувана Далмација. И покрај тоа на сплиќани им остана позната како Вилата на Тито.
Од крајот на осумдесеттите години, со неа управува градот Сплит.