(Галерија) Владо Јаневски сними нов спот по десет месеци

(Галерија) Владо Јаневски сними нов спот по десет месеци

пред 3 години

Владо Јаневски деновиве снима спот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на кровот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо по десет месеци пауза, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“.

„Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“, напиша Владо и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот.

Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе во издание на „Короација рекордс“.

Share
Scroll to Top