(Галерија) Воз прегази два слона во Индија

(Галерија) Воз прегази два слона во Индија

пред 2 години

На североистокот од Индија, во државата Асам, патнички воз уди и уби два диви слона, соопштија денес тамошните власти.

„Два возрасни слона се шетаа на железничката пруга, кога воз, кој се движел на патот кон источниот град Дибругар ги прегази“, рече чуварот на диви животни од Асам, Дилип Кумар Дас, пренесе „Асошиетед Прес“.

„Несреќата се случи во доцните вечерни часови во вторникот, а властите веднаш стигнаа на лице место за да ги закопаат телата. Претходно беше направена обдукција“, додал Дас.

Чуварот рече дека дивите слонови често знаат да залутаат во населените места во оваа доба во годината, кога полињата се подготвени за жетва.

Брзите возови, како што пренесува „Асошиетед прес“, имаат прегазено десетина диви слонови во Асам, нешто што ја примора индиската железница, која управува со возовите, да ја регулираат брзината во познатите зони каде шетаат слоновите.

Во индиската држава Асам живеат околу 5000 диви азиски слонови.

Share
Scroll to Top