Глумецот Атанас Атанасовски е на зимување на Маврово со семејството, сопругата Александра, синот Павле и ќерката Една. Тие се забавуваат на планина и секој ден објавуваат фотки на Инстаграм. Ова се едни од првите фотографии од целото семејство, бидејќи и Атанас и Александра ретко споделуваат слики со децата.
„Белче наби километража. Само еден ден те видов едно пет пати на релација Бистра/Црква натака навака“, ѝ напиша пријателка на Александра во коментарите.
На Маврово тие се дружат и со Тамара Тодевска, една од најдобрите другарки на Александра, која е на зимување со семејството, а со нив е и глумецот Тино Костадиновски.
Ќерката на Атанас и Александра има четири месеци, а синот Павле неодамна наполни две години.