Дуото ДНК вчера во салата „Борис Трајковски“ имаа концерт со кој славеа јубилеј 20 години постоење. Салата беше по преполна, а во публиката можеа да се видат познати глумци, пејачи, спортисти, политичари кој буквално уживаа во песните на Панчо и Андреј.
Убаво беше да се види као публиката од две генерации и мајки и деца, во еден глас ги пеејат нивните песни. Дојдоа Весна Петрушевска, Ребека со семејството, Антонија Гиговска, Мартија Станојковиќ.
Во публиката беше и Христијан Мицковски во друштво на градоначалниците Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски. А главен беше и Перо Антиќ кој пред почетокот на концертот се сликаше со најмладите фанови.
Атмосферата ја вжешти и танчерка на сцената, а пееше и Наум Петрески.
За потсетување, ДНК најавија дека дел од средства од продажбата на билетите за нивниот јубилеен концерт ќе ги наменат за хумантарни цели и фондацијата „Марко Божиновски“ во која се членови.
Панчо и Андреј направија незаборавен концерт. Атмосферата ја вжештија со танчерка на сцена. Многу млади играа и се забавуваа на хитовите „Авион“, „Што сака нека биде“, „Срце“, „Милион денови“, Навлечен на тебе“ и многу други. За одлична забава се погрижи и фолк пејачот Наум Петрески.