(Галерија) Градоначлникот Костадинов е Тито во Струмица: Почна познатиот карневал

(Галерија) Градоначлникот Костадинов е Тито во Струмица: Почна познатиот карневал

пред 1 година

Вчера во Струмица се одржа маскембал во хотелот „Сириус“, во рамките на Струмичкиот карневал кој започнува денс. На вчерашниот маскембал дојдоа луѓе под маски од различни земји и нации.  Градончалникот на Струмица , Костадин Костадинов преправен како Маршалот Тито беше дел од маскембалот.

И на социјалните мрежи, откако ги објави фотографиите струмичани му пишуваат „не само што наликувал на Тито, туку и дека супер ми легнала униформата’.

Тоја пак објави слика и напиша: Струмички карневал со Јованка и сопругите на Че, Фидел и една од амазонките на Гадафи.

Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци,  Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вчера играа и пееа и беа дел од маскембалот. 

Беа избрани новите принц и принцеза Атанас Костуранов и Катерина Јовановска.

Струмичкиот карневал е годишен кравевал кој се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија.

Традиционално карневалските празнувања во Струмица траат повеќе денови во кои се организираат најразлични настани, а вообичаено карневалот почнува со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.

Фото: Фејсбук

Share
Scroll to Top