(Галерија) Деми Мур со трите ќерки рекламира костими за капење

(Галерија) Деми Мур со трите ќерки рекламира костими за капење

пред 3 години

Холивудската глумица Деми Мур и нејзините три ќерки Талула, Рамер и Скаут, кои ги има од бракот со Брус Вилис, се ѕвездите на новата рекламна кампања за костими на компанијата „Анди“. Мур (58) се пофали дека кампањата ја подготвувале неколку недели и дека е пресреќна од резултатот.

„Ми одговараше само тоа што овој миг го споделив со лицата што најмногу ги сакам“, напиша глумицата на Твитер.

Мур и нејзините ќерки открија дека со новата кампањата сакаат да ги поттикнат жените да ги сакаат своите тела какви што се и промовираат позитивен став кон сите облици на телото.

Share
Scroll to Top