(Галерија) Десет најскапи автомобили на фудбалерите

(Галерија) Десет најскапи автомобили на фудбалерите

пред 4 години

Не е тајна дека фудбалерите сакаат да возат скапи автомобили. Некои од овие автомобили чинат и по неколку милиони долари. Во продолжение, десетте најскапи коли на фудбалерите.

Лионел Меси, Pagani Zonda Tricolore, 1.7 милиони долари


Меси од Барселона е најплатениот фудбалер во Европа и поседува неколку луксузни возила. Еден од неговите највредни автомобили е Pagani Zonda Tricolore, кој вреди 1,7 милиони американски долари. Аргентинскиот играч поседува еден од трите примероци некогаш произведени.

Златан Ибрахимовиќ, Ferrari Monza SP2, 1.7 мил. долари

Златан Ибрихимовиќ за својот 34. роденден си подари Ferrari Monza SP2, кој вреди 1,70 милиони долари. Швеѓанецот сè уште игра на високо ниво и на 39-годишна возраст во Милан во Серија А.

Самуел Ето, Aston Martin One-77, 1.8 мил. долари


Самуел Ето, еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, кој настапуваше за екипи како Барселона, Челзи и Интер, поседува луксузен Aston Martin One-77. Од автомобилот се произведени само 77 парчиња, секое по 1,80 милиони долари.

Карим Бензема, Bugatti Veyron Pur Sang, 1,9 мил. долари

Францускиот играч кој има долга кариера во Реал Мадрид, Карим Бензема има скап вкус за автомобили. Тој поседува Bugatti Veyron Pur Sang. Автомобилот има алуминиумско тело, може да достигне максимална брзина од 400+ km/h и чини 1,90 милиони американски долари.

Кристијано Роналдо, Bugatti Veyron Grand Sport, 2 мил. долари


Еден од најдобрите фудбалери во светот, обожава луксузни автомобили. Еден од нив е Bugatti Veyron Grand Sport, кој Португалецот го платил 2 милиони долари.

Џон Тери – (Ferrari 275 GTB) – 2.2 мил. долари


Легендарниот поранешен дефанзивец и капитан на Челзи, Џон Тери, има префинет вкус за автомобили. Тој е сопственик на Ferrari 275 GTB, редок стар автомобил од 60-те години на минатиот век, чија вредност со годините само се зголемува. Денес вреди повеќе од 2,2 милиони долари.

Сон Хенг Мин – (Ferrari LaFerrari) – 3 мил. долари


Сон Хенг Мин е сопственик на еден од најисклучителните модерни автомобили на Ferrari, Ferrari LaFerrari. Напаѓачот кој игра за Тотенхем и е капитен на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, го купи хиперавтомобилот околу 3 милиони американски долари.

Кристијано Роналдо, Bugatti Chiron, 3 мил. долари


Роналдо е еден од најстраствените купувачи на Bugatti. Во неговата колекција автомобили се и Bugatti Chiron, најбрзиот сериски произведен автомобил во 2019 година. Оваа кола го чинеше Роналдо над 3 милиони долари.

Кристијано Роналдо, Bugatti La Voiture Noire, 18.60 мил. долари


Кристијано Роналдо наскоро ќе го добие и најновиот автомобил на Bugatti, кој беше најавен уште во 2019 година, а треба да се појави годинава. Bugatti La Voiture Noire го чинеше фудбалерот околу 18,60 милиони долари, што го прави еден од најскапите автомобили во светот.

Лионел Меси, Ferrari 335 S Spider Scaglietti, 35.0 мил. долари


Најскапиот автомобил на фудбалерите го поседува Лионел Меси, Ferrari 335 S Spider Scaglietti. Иако делува скромно, автомобилот чини 35 милиони долари.

Share
Scroll to Top