(Галерија) Жените во Иран пред 50 години се облекувале модерно и носеле бикини на плажа

(Галерија) Жените во Иран пред 50 години се облекувале модерно и носеле бикини на плажа

пред 2 години

Илјадници луѓе во Иран протестираат поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор. Таа три дена беше во кома по нејзиното апсење од  иранска полиција за морал поради тоа што несоодветно носела хиџаб. Сега, револт, жените се потстрижуваат и ги палат хиџабите на улиците во Иран, а бројот на загинати и уапсени секојдневно се зголемува.

dobivaj vesti na viber

Пред Иранската револуција во 1979 година, Иранките изгледаа и се однесуваа како жените на Запад.

Фотографиите направени во 70-тите години на улиците во Иран се речиси неверојатни од денешна перспектива каде девојките и жените шетаат без хиџаб, во здолништа и фустани, носејќи што сакаат. И времето на плажа го поминувале во дводелни костими за капење.

За изгледот и однесувањето на жените во Иран пред револуцијата најдобро сведочат фотографиите на иранската царица Фара Пахлави, која ги обожавала модата и уметноста. Таа била икона на своето време сè до моментот кога таа и нејзиниот сопруг Мухамед Реза Пахлави не биле протерани од земјата.

Иранската царица носела здолништа, панталони, фустани со принт од леопард. Таа немало проблем ниту да се фотографира во костим за капење. Истата мода ја следеле речиси  сите млади жени во Иран. Покрај козметиката и модата, младите жени во Иран имале пристап до образование. Тие биле вклучени во речиси секој сегмент од општеството во тоа време.


Share
Scroll to Top