(Галерија) И дома дотерани ко за настап: Српската естрада за дочекот на 2021

(Галерија) И дома дотерани ко за настап: Српската естрада за дочекот на 2021

пред 3 години

Многу балкански ѕвезди Новата 2021 година ја дочекаа за прв пат во своите домови со семејствата и пријателите.

Секогаш елегантна Анастасија Ражнатовиќ во црвен фустан од тантела ги поздрави своите следбеници на Инстаграм и им посака среќна Нова година.

Заедно со својата мајка таа вечерта де појави и на дочекот на националната телевизија РТС. Сите присутни ги остави без зборови деколтето на Цеца, а многумина се прашуваа дали Анастасија носи градник, бидејќи нејзините гради се наѕираа под прозирниот фустан со длабок шлиц.

Сека Алексиќ, во кругот на семејството, сопругот Веjко, синовите Јаков и Јован, на полноќ им посака на сите најдобри желби и ги израдува фановите со фотографија од нејзиниот дом.

Кија Коцкар точно на полноќ во розе одело и прскалка во рака им посака на сите среќа во 2021 година.

Весна и Џоле Џогани направија забава за паметење во нивниот дом. Весна носеше жолт фустан, додека Џоле танцуваше зад неа со шампањ во рацете.

Пејачот Саша Ковачевиќ Новата година ја дочека во кругот на семејството од каде испрати честитка до сите ” Посакувам Новата 2021 да донесе пред сè, добро здравје, среќа, многу љубов и успех на сите полиња. Да надокнадиме за сите пропуштени бакнежи и прегратки, да славиме инпееме, да се ослободиме од сите стравови, да живееме безгрижно и среќно со своите најмили. И следнава да ни биде најдобра година на сите нас.”

Невена Божовиќ и нејзиниот сопруг, пилотот Никола Ивановиќ, споделија заедничка фотографија со порака: „Биди среќен!“

 

 

Пејачката Милица Тодоровиќ заедно со колегите Саша Матиќ и Никола Роквиќ им посакаа на сите Среќна Нова со првиот организиран онлајн дочек.

Share
Scroll to Top