Капутите и зимските палта, како парка, пончо и подебел мантил, се задолжителна облека што треба да ги поседувате во текот на зимата.
Некои од нив, освен што се одлични за зима, може да се носат и на почетокот на пролетта. Затоа дизајнерите ги создадоа елегантните тенки капути, скроени за сечиј вкус, кои, според модните експерти, се задолжително модно парче во плакарот на секоја жена.
Црпејќи инспирација од 20-тите и 60-тите, ваквите капути ги освоија модните зависнички. Нивната текстура, чистите линии, едноставниот дизајн и можноста лесно да се прават комбинации е причина плус зошто една жена треба да набави некој ваков модел.