Раскошни фустани, гламур и кич доминираа на црвениот тепих на отворањето на 75. Кански филмски фестивал кој почна вчера. Фестивалот кој ќе трае до 28 мај на едно место ги собра најважните имиња од светот на филмот, а почна со премиерата на филмот „Топ ган: Маверик“.
На црвениот тепих се прошетаа Ева Лонгорија, Џулиен Мур, Ребека Хол, француската глумица Амандин Петит и многу други. Избраа елегантни креации со многу камења, светки, тантела, пердуви и тул. Иако повеќето фустани беа црни, имаше и такви што избраа фустани во розова, жолта или сина боја, а имаше и златни и фустани во сребрена боја.
Фото: EPA-EFE