Кортни Кардашијан и Тревис Бакер споделија црно бели фотографии од нивната свадба. Тие се венчаа минатата недела, а на прославата им беа нивни блиски пријатели и семејството.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
„Додека смртта не не раздели“, објавија двајцата на „Инстаграм“.
Кортни на венчавката носеше кратка венчаница со вел на главата, додека Тревис беше во црно оддело. Со нив беа и нивните деца Ландон, Алабама, Масон, Пенелопе и Рејн. За кратко време двојката доби над 3 милиони лајкови, а многу од фановите им честитаа.
За потсетување, двојката наскоро планира да направи и голема венчавка во Италија.