(Галерија) Манекенот Александар Златановски се соблече гол во еротска фотосесија

(Галерија) Манекенот Александар Златановски се соблече гол во еротска фотосесија

пред 3 години

Македонскиот модел Александар Златановски се сликаше гол за новата фотосесија. Фотките правени по теркот на светските модели, вели дека ги сликал најмногу за себе. Во разговор за „Репортер“, Александар ни откри дека одамна сакал да направи еротска фотосесија.

„Среќен сум што конечно успеав да ја реализирам идејата. Сакав да направам голи слики што ќе бидат со вкус, а на нив да не се гледа се. Ги најдов вистинските луѓе и направиме нешто што ретко кој модел кај нас би се осмелил да го направи“, ни раскажа Алекс.

И реакциите од околината се одлични, а тој вели дека добил комплименти и пофалби дури и од луѓе што не ги познава.

„Ваквите фотографии може да предизвикаат различни реакции. Но, јас до сега не добив негативен коментар“, вели тој.

Александар одамна е дел од модната агенција „Моделс ИН“. Тој последните години работеше на азискиот моден пазар, во Индија, Сингапур и сликаше за познати светски брендови, меѓу кои и „Армани“, „Најк“, „Фила“ и други. Следнната дестинација му е Германија.

„Требаше неодамна да заминам во Берлин, но заради пандемијата работите се пролонгираа, па ќе останам во Македонија уште малку“, рече Александар.

А. Јовановска

Share
Scroll to Top