(Галерија) Мис на Македонија меѓу најубавите топ-модели на светот

(Галерија) Мис на Македонија меѓу најубавите топ-модели на светот

пред 4 години

Мис на Македонија од 2017 година, Андријана Илиовска, е избрана за прва придружничка на светскиот избор за убавина Next World Top Model што се одржа викендов во Бејрут, Либан. На изборот учествуваа 40 модели од 40 земји. Лиценцата за овој реномиран избор за убавина ја поседува модното студио Црнокрак, а нејзиниот сопственик, Мики Црнокрак, за „Репортер“ рече дека е презадоволен од успехот на Андријана.

„Овојпат, посетата на Бејрут ја искористивме и за средби и договори со скаути од целиот свет кои присуствуваа на финалето, за да ангажираат наши модели во разни интернационални модни агенции“, ни рече Мики.

Инаку, ова е втора титула на Андријана оваа година. Таа пред еден месец беше избрана за Мис Бикини на изборот „Мис Аура интернешнал“ што се одржа на крајот на септември во Турција.

Share
Scroll to Top