(Галерија) Мицковски и Димитров наздравија со вино, а Илија и Тимчо се журкаа на рок: Елемент ПР прослави 15 години

(Галерија) Мицковски и Димитров наздравија со вино, а Илија и Тимчо се журкаа на рок: Елемент ПР прослави 15 години

пред 11 месеци

Политичари, пејачи, актери, личности од јавниот живот од сите сфери, вчеравечер дојдоа на забавата на Маркетинг агенцијата „Елемент ПР“, кои славеа 15 години од своето постење. Беше убаво да се види малку гламур и добра музика, во еден елитен скопски ресторан, каде не недостасуваше добра забавата залиена со по некоја чашка бело вино, со која наздравуваа присутните.

Од Христијан Мицковски до Никола Димитров, кои кратко седеа на иста маса, преку Илија Димовски и претставници од претседателскиот кабинет, но и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и дојдоа на забавата на сопственичката Татјана Лопарска, која како да ги спои и двете страни на исто место.

Лопрска која го донесе и новиот и стариот тим на агенцијата, па сите се качија на сцената, најави дека ќе се пензионира за две години.

На вчерашната журка, не недостасуваше и добрата музика, која само го направи расположението на високо ниво, оти сите играа и на светските хитови и на најголемите ексју песни, без кои и не може да се замисли добра забава.

Вечера почна со избор на песни кои ги пееше Бени Шаќири, а потоа и Ѓоко Таневски, го крена расположението на присутните.

Елемент ПР е маркетинг агенција која веќе 15 години има богато портфолио на локални, регионални и светски брендови.

 

Share
Scroll to Top