(Галерија) По две години Хари и Меган првпат заедно со членовите на кралското семејство

пред 2 години

Меган Маркл и принцот Хари му се придружија на кралското семејство во прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета. Војводата и војвотката од Сасекс присуствуваа на националната служба за благодарност во чест на кралицата во катедралата Св.Павле.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Хари и Меган прв пат јавно се обединија со постарите членови на кралското семејство од Денот на Комонвелтот во март 2020 година, што беше последното кралско појавување војводтката и војводата од Сасекс. По нивното пристигнување, Меган и Хари се држеа за рака додека беа придружувани до нивните седишта во вториот ред со принцезите Беатрис и Евгенија и нивните сопрузи. Тие седеа зад принцот Едвард и Софи, грофицата од Весекс. Нивните седишта спроти принцот Чарлс, Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои седеа во првиот ред.

Меган  носеше бел мантил со специфична јака и соодветна шапка со широк обрач, а Хари носеше палто со неговите воени медали.

Војводата и војвотката од Сасекс, кои сега живеат во Монтесито, Калифорнија, пристигнаа во Велика Британија во средата со нивните две деца – Арчи (3) и Лили, која во саботата наполни 1 година.

 

 


Share
Scroll to Top