Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска се приклучија на граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“.
Станува збор за организација која готви храна за бездомници и загрозени лица.
„Празниците се повод да ја поттикнеме хуманоста, добрината и солидарноста во секој од нас. Во пресрет на Велигденските празници, овој петок заедно со волонтерите од #РетвитниОброк и вработените во Kабинетот подготвивме посни оброци“, напиша Елизабета.
И од „Ретвитни Оброк“ апелираа дека во Македонија има многу луѓе кои не можат да си дозволат ниту основен оброк, а дека храна секојдневно се фрла.
Тие апелираат до сите граѓани, секое парче храна што ќе им остане да не го фрлаат, туку да го споделат со оние на кои им е потребно.







Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Џоан Колинс на 90 години во бикини ужива со својот 32 години помлад маж
(Видео) Загребската филхармонија среде проба ја славеше победата на Хрватска
Рецепт за кортадо најпопуларното кафе во Шпанија
Модни правила што не смеете да ги прекршите по 50. година
Почина креаторот на судоку, Маки Каџи
(Фото) Голманот Игор Алексовски ќе стане татко
