Пејачката и харфистка Сара Мејс со сопругот Димитар Андоновски и ќерката Илина направија фотосесија во студио, додека таа одбројува денови од деветтиот месец од бременоста.
Сара е облечена во портокалов долг фустан со кој се истакнува нејзиниот труднички стомак. А во уште една фотосесија каде што е сама, позира во црн миди фустан со врвки од страните и високи потпетици.
Сара и Димитар го очекуваат нивното второ дете, за кое објавија дека е машко.
„Братчето доаѓа“, напиша Сара.