(Галерија) Се омажи Зои Блаж со ракометарот Тадеј, на свадбата до сабајле невестата играше качена на тапан

(Галерија) Се омажи Зои Блаж со ракометарот Тадеј, на свадбата до сабајле невестата играше качена на тапан

пред 3 години

Поранешната пејачка и мејкап-артист Зои Блаж, се омажи за словенечкиот ракометар Тадеј Матијасиќ.

dobivaj vesti na viber

Зои место бела, носеше кремава венчаница која ја следеше линијата на телото, а на главата украсно бело венче.

Свадбата беше надвор од Скопје, во ресторан покрај езеро. Првиот танц го играле на песната „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ.

За веселбата пееле и учесниците во ѕвездите на Гранд, Мартијан Кириловски и Мими Јовановска. Зои објави фотографии и видеа од свадбата на која освен класична венчаница, одбрала и кратко здолниште кое го искомбинирала со патики.

Кога атмосферта се вжештила Зои се качила и на тапан. Покрај играње оро, народни песни, имало и журка со забавна музика. За микрофонот се фатила и Александра Јанева, а кулминација на свадбата бил Бока конга кој ги забавувал гостите со латино музика. По него до рано сабајле музика пуштал на Дј Мац.

Share
Scroll to Top