(Галерија) Тајчи се врати во Хрватска за да го прослави 52. роденден

(Галерија) Тајчи се врати во Хрватска за да го прослави 52. роденден

пред 2 години

Пејачката Татјана Матејаш Тајчи по три години дојде во Хрватска со синовите Блејз, Еван Амадеус и Данте и тука го прослави 52. роденден. Таа повеќе од триесет години живее во Америка, а во Хрватска не била од пред пандемијата. Деновиве Тајчи постојано објавува слики и видеа од семејното патување и со своите пријатели споделува сè што им се случува на семејниот одмор.

dobivaj vesti na viber

Тајчи откри дека на аеродромот во Загреб ја пречекала нејзината мајка Штефица. Потоа се пофали дека го прослави 52. роденден со семејството, заедно го славеа и 18. роденден на нејзината полусестра Тоња, а Тајчи ги одведе синовите и на крстарење во близина на Паг, каде што го славеа роденденот на нејзиниот најмал син Блејз.

„Мајка ми беше со нас во Америка до почетокот на пандемијата. Имавме планови да ја посетиме тоа лето. Оттогаш поминаа две и пол години, а најмладиот син во меѓувреме ги надрасна браќата“, рече пејачката за „Јутарњи лист“ откако се врати во Хрватска.

Тајчи се прослави 1990 година со песната „Хајде да лудујемо“, кога ја претставуваше Југославија на Евровизија. Иако ѝ предвидуваа голема кариера, таа се повлече и по војната се пресели во САД, каде што го запозна пијанистот и композитор Метју Камерун, со кого се омажи, а кој почина пред три години. Тајчи и денес се занимава со музика, а пред неколку месеци го заврши своето образование како лајф-коуч во „Чопра центарот“.

Share
Scroll to Top