(Галерија) Те сакам таков каков што си: Маркијан на Ребека наполни 14 години

(Галерија) Те сакам таков каков што си: Маркијан на Ребека наполни 14 години

пред 3 години

Со балони и домашна торта синот на Ребека Јанковска-Ристески, Маркијан, го прослави 14. роденден. Маркијан славеше со семејството, браќата Доротеј и Макариј, а нагости им беше и мајката на Ребека. Претседателката на здружението „Дајте ни крилја“ и поранешна пејачка ги објави сликите од домашната забава на „Фејсбук“.

„Те сакам таков каков што си. Среќен да си секогаш. Само тоа се важи. Најсакан и најубав наш. Среќен роденден, ѕвездичке наша“, напиша Ребека во пораката до својот син, кој боледува од ретката болест туберозна склероза.

Ребека во интервју за „Репортер“ раскажа дека со Маркијан секој ден е нова приказна, ново искушение и одговорност.

„Јас веројатно сега се справувам добро со сето тоа. Кога решив јавно да проговорам, значи сум завршила со моите проблеми и прифаќањето на фактот дека Маркијан е дете со посебни потреби. И ние имаме дома со Мики кризи затоа што состојбата на Маркијан е променлива. Нам секој ден ни е искушение, самата болест е таква“, рече тогаш Ребека.

Share
Scroll to Top