Откако алпинистката Илина Арсова се врати од долгото патување во Еквадор, отиде на скијање со родителите на Шар Планина. Таа не криеше дека одлично се забавува со мајка ѝ Милена и татко ѝ Гоце. Објави неколку слики од денот поминат на планина. А се пофали и дека друштво им правеше нејзината добра другарка Луљета.
„Фамилија Арсови во акција. Малку време со семејството на Шара. А и условите за скијање се ненормално добри во моментов“, рече Илина.
За потсетување, таа пред три месеци замина на Еквадор каде го искачи еден од највисоките активни вулкани Котопакси. Потоа замина во Грција каде се дружеше со мигрантите. Во тоа време, нејзиниот дечко, актерот и шоумен Игор Џамбазов често објавуваше заеднички слики и пораки колку му недостига.