(Галерија) Филмот на Сашко Коцев и Јелена Јованова ја собра цела актерска фела, на премиера во Скопје: „Нешто слатко“ е романтична комедија која вреди да се гледа

(Галерија) Филмот на Сашко Коцев и Јелена Јованова ја собра цела актерска фела, на премиера во Скопје: „Нешто слатко“ е романтична комедија која вреди да се гледа

пред 1 година

Познати актерски имиња, љубители на филмската уметност и поддржувачи на независниот филм, синоќа беа на македонската премиера на филмот „Нешто Слатко“ во Синеплекс, во режија, продукција и сценарио на словенечкиот стендап комичар Тин Водопивец.

Сценариото заедно го напишаа со Уршка Мајдич и актерот Сашко Коцев.

Тони Михајловски со сопругата, градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, Никола Ристановски, Горазд Цветковски, Зоран Љутков беа само дел црвениот тепих на премиерата на филмот.

Јелена Јованова која ја има главната улога во „Нешто слатко“ во Скопје пристигна сама без нејзиниот сопруг, иако тој нејзина поддршка беше на премиерата во Загреб. Во разговор со Репортер, таа откри дека единствениот страв што го имала за оваа нејзина улога е тоа што ќе треба да зборува на хрватски јазик.

„Ви дадовме пијачка надвор, за да ви биде посмешен филмот. Затоа ве послуживме пред филм. Не не затоа, може некој ќе си замине на пола филм, па ќе остане без пијачка. Многу ми е драго што дојдовме во толку голем број, пет сали се продадени, а оваа овде вечерва е гратис. И оваа е најпразна, пошто „абе јас имав гратиси ама не ни се идеше“, рече Сашко Коцев пред проекцијата на филмот.

Романтичната комедија во која глумат македонските актери Јелена Јованова и Сашко Коцев. Филмот е приказна за познат македонски маркетинг гуру Аце Мајсторовски, кој добива покана да гостува во Словенија, а во меѓувреме го пропушта летот и од тој момент започнуваат комичните сцени во „Нешто слатко“. Сашко Коцев игра две напоредни улоги, како маркетинг гуру, Аце Мајсторовски и шанкерот Гоги. Јелена Јованова или Каја е одговорна за проектот, односно гостувањето на Мајсторовски во Словенија, тоа е проект со кој треба да си ја спаси кариерата.

По проекцијата на филмот публиката задоволна, насмеана, аплаудираше за екипата заслужна за филмот кој зборува за првата и последната шанса во животот на еден човек.

Филмот е на редовниот репертоар во Синеплекс.

Габриела Додевска

 

Share
Scroll to Top