(Галерија) Цела македонска естрада на Северина: Пелистерка слави 70.роденден

(Галерија) Цела македонска естрада на концерт на Северина: Хрватската ѕвезда направи хаос и на Рузвелтова

пред 2 години

Речиси цела естрада, јави личности, актери, музичари, бизнисмени….ма можеби ѝ цело Скопје е вечерва на концертот на хрватската ѕвезда Северина. Таа има концерт во АБЦ-Мош бар. На социјалните мрежи постојано се споделуваат фотки, видеа и сториња.

Тони Михајловски со сопругата Александра, Кристина Арнаудова, Живкица, тука се и Катарина Ивановска, Тамара Тодевска, Цаци Паковска и уште многу други. На концертот на Северина нема игла кај да се фрли, расположението е на највисоко ниво, гостите се сечено облечени, оти така налагаше кодексот на облекување, се пее, се пие, се игра и се слави со огномет.

Поради концертот на Северина, настана хаос и во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“, па се направила и колона од возила. За концертот во „Мош“ се чекало од 18 часот на врата.

Share
Scroll to Top