(Галерија) Ќерката на Дејвид Хаселхоф е првата плус-сајз манекенка на насловната на „Плејбој“

(Галерија) Ќерката на Дејвид Хаселхоф е првата плус-сајз манекенка на насловната на „Плејбој“

пред 3 години

Хејли, 28-годишната ќерка на актерот Дејвид Хаселхоф, е првата плус-сајз манекенка што се сликаше за насловната страница на „Плејбој“. Таа се најде на насловната на германското издание на популарниот еротски магазин.

Сликата од насловната на „Плејбој“ Хејли ја објави на Инстаграм и напиша дека е почестена што токму таа позира е прв модел со облини што позира за светски-познатото списание.

Хејли вели и дека нејзниот татко, кој се прослави со улогата на Мич Бјукенон во серијата „Чувари на плажата“ ја поддржал нејзината одлука.

„Татко ми ме поддржува во сите мои одлуки во кариерата. Моите родители отсекогаш ме поддржувале во сè што сум правела. Тој се гордее со мене“, рече таа неодамна за „Дејли меил“.

Share
Scroll to Top