„Ганс енд Роузес“ тужи продавница за оружје затоа што го користи нивното име

„Ганс енд Роузес“ тужи продавница за оружје затоа што го користи нивното име

пред 2 години

Американскиот рок бенд Ганс енд Роузес ја тужи компанијата која ја води онлајн продавницата за оружје „Тексас Ганс енд Роузес“, тврдејќи дека компанијата незаконски го користи името.

Адвокатите на бендот тврдат дека компанијата што ја води онлајн продавницата ги мами потрошувачите, што ги наведува да мислат дека бизнисот има врска со групата.

„Ганс енд Роузес разбирливо не сака да биде поврзан на кој било начин со обвинетиот, трговијата со огнено оружје“, се вели во тужбата.

Исто така, бендот тврди дека дилерот на оружје изразува политички ставови поврзани со регулативите и контролата на оружјето што може да предизвика поделба.

Ганс едн Роузед, основан во 1984 година, е еден од најуспешните бендови на сите времиња, член на Рокенрол Куќата на славните од 2012 година. Членовите на групата се Ексл Роуз, Саул „Слеш“ Хадсон и Мајкл „Даф“ МекКаган.

Во тужбата се наведува дека онлајн продавницата за оружје „Тексас Ганс едн Роузес“ е управувана од Village Florist LLC и продава огнено оружје, муниција, оптички нишани, панцирни елеци и слично. Компанијата е регистрирана под спорното име во Хјустон во 2016 година без никакво одобрение, лиценца или согласност од бендот, се наведува во тужбата. Адвокатите на бендот бараат судење поротата, забрана за користење на името на онлајн продавницата и неодредена отштета.

Share
Scroll to Top