Гвинет Палтроу статуетката од освоениот Оскар во 1998 година го користи како стопер за врата

Гвинет Палтроу статуетката од освоениот Оскар во 1998 година го користи како стопер за врата

пред 7 месеци

Актерката Гвинет Палтроу (51) во интервју за Вог откри каде и стои Оскарот што го доби во 1998 година за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“.

Статуетката, која го претставува остварувањето на соништата на актерите ширум светот, Гвинет ја користи како стопер на вратата од дворот.

– Колку прекрасна награда од Академијата – ѝ рекол новинарот на Вог, а потоа таа одговорила: ‘Да. Мојот стопер за вратата. Работи перфектно’.

Насмеаната Гвинет го угости Вог во својот дом, а камерите ги пречека сосема опуштено. Таа беше облечена во долг тексас фустан и без шминка.

Гвинет откри и дека единствениот нејзин филм што денес ќе го гледа во целост е „Ема“ од 1996 година. На новинарско прашање што и недостига во деновите како голема холивудска ѕвезда, таа јасно одговори: „Ништо“.

Актерката денес живее потивок живот и гордо го покажува својот природен изглед. Таа неодамна зборуваше за Бог за тоа како сака да го прифати стареењето.

– Како жени сакаме да бидеме здрави, сакаме да остариме. Оваа идеја дека треба да бидеме замрзнати во времето е толку чудна. Убаво е да се почувстуваш како маж, додека жените се осудувани и испрашувани што ќе прават со својата кожа и седата коса – изјавила тогаш актерката.

Да потсетиме, на Гвинет неодамна и се судеше откако беше тужена од докторот Тери Сандерсон, кого актерката наводно го повредила на скијање во 2016 година. Гвинет победи на суд, а Тери мораше да и плати отштета. Нејзиниот следен потег ја шокираше јавноста. Актерката од докторот побарала хонорар од само еден долар, а судот го одобрил.

Share
Scroll to Top