Европа одамна се има обединето, а во меѓувреме и се прошири, но разликите се очигледни, а евроскептицизмот е сè поизразен. Една стара мапа од поделена Европа, според културно-просторните критериуми која ја направил германскиот академски комитет, повторно е објавена, сега на „Твитер“.
Одамна пчонаа да се водат дискусии за неа. Според мапата, замислените регионални граници ги пресекуваат териториите на неколку европски држави.
„Големата мапа на поделба на Европа по културно-просторни критериуми, ја сподели на „Твитер“ луксембуршкиот политиколог Флоријан Бибер. Напиша коментар дека ја цени германската прецизност, но, идејата да се повлечат јасни граници меѓу културниот простор е апсурна и проблематична.
Предложена е поделба на континентот на Западна, Северна, Јужна, Централна, Југоисточна и Источна Европа, со што територијата на неколку земји би се простирала на повеќе региони.
Така, според мапата, северниот дел на Косово, односно поголемиот дел од Војводина, би и припаднал на Централна Европа, а остатокот на Југоисточна. Најголемиот дел од Украина би им припаднал на Источна Европа, додека крајниот запад би бил во Централна.
Имагинарната граница меѓу Централна и Јужна Европа би се простирала преку средишниот дел на Романија и практично би ја пресекла земјата на половина. Франција би била распарчена на три дела. Најголемиот би бил во Западна Европа, , јужнот крајбреже би било во Јужна, а покраината Алзас на крајот на истокот би се наоѓала во Централниот дел.
Авторот на мапата е Постојаниот комитет за географски имиња StAGN, тело кое се занимава со стандардизација на географските имиња на германски јазик. Тоа е независен академски комитет без суверени функции, а во него има научници од Германија, Австрија, Швајцарија и од други земји од германско говорно подрачје.
Поделбата е инспирирана од работата на австрискиот истражувач Питер Џордан, кој сакал да направи модел на културни простори, кој ги исклучува националните и политички фактори.
Концептот на Централна Европа е почетна точка, затоа што во него се расправа и дебатира за решавање на глобалните и политички антагонизми со поебно влијание на Европа.
За да го стесни концептот на Централна Европа, Џордан користел осум критериуми. Историското влијание кое го оставиле германската и еврејската култура, сукцесијата, протестантизамот и католицизмот, додека православјето и исламот играат само споредна улога. Исто така ја земал во предвид и средната класа во однос на Источна Европа, раното постоење на слободната класа на селаните, традицијата на локалните и регионалните самоуправи, културната разноликост внатре во државата, политичката и економска тенденција кон континентализам и конечно, доцната индустријализација во споредбата со Западна Европа, но раната во споредба со Источна Европа.