Гламур, луксуз и стил: Ова беа најдобрите модни изданија на Кан 2026

Гламур, луксуз и стил: Ова беа најдобрите модни изданија на Кан 2026

пред 5 часа

Филмскиот фестивал во Кан уште еднаш потврди дека не е само еден од најважните филмски настани во светот, туку и глобална модна сцена каде се создаваат трендовите што подоцна доминираат низ целата индустрија. Додека денес официјално се спушта завесата на овогодинешното издание, вниманието покрај филмовите и големите премиери беше насочено и кон впечатливите модни изданија на црвениот тепих.

Годинешниот Кан донесе силни филмски имиња, големи враќања на познати режисери, но и нови ѕвезди кои успеаја да го привлечат вниманието на јавноста. Сепак, како и секоја година, модата повторно стана една од најкоментираните теми на фестивалот.

Меѓу највпечатливите личности на црвениот тепих се најде Bella Hadid, која според модните критичари целосно доминирала со своите појавувања. Таа привлече внимание со впечатлива креација на Шијапарели инспирирана од стилот на Џејн Биркин, како и со елегантна светлосина креација од Прада.

Посебни пофалби доби и Cate Blanchett, која уште еднаш го потврди статусот на една од најелегантните актерки во светот. Нејзините модни избори беа оценети како префинети, минималистички и беспрекорно стилски, а креацијата на Живанши се најде меѓу најзабележаните модни моменти на фестивалот.

Внимание привлекоа и Demi Moore, Penélope Cruz, Sharon Stone и Alicia Vikander, кои се појавија во впечатливи модни комбинации и луксузни креации на најпознатите светски модни куќи.

Особено внимание привлекоа и неколку похрабри модни избори на актерките Ruth Negga и Ruth Wilson, чии комбинации внесоа доза на уметничка оригиналност и свежина на црвениот тепих.

И оваа година Кан покажа дека филмот и модата одамна се неразделни. Додека публиката зборува за најдобрите филмови и актерски остварувања, црвениот тепих повторно стана место каде се испишува историјата на модата, а некои од овие изданија сигурно уште долго ќе останат меѓу најкоментираните моменти од фестивалот.

Share
Scroll to Top