Холивудскиот глумец Крис Прат и неговата сопруга Кетрин Шварценегер го чекаат второто дете. Крис и Кетрин се венчаа во јуни 2019 година и ја имаат 16-месечната ќерка Лајла Марија.
Ова ќе биде трето дете на Прат, кој од бракот со глумицата Ана Фарис има деветгодишен син.
Кетрин е ќерка на Арнолд Шварценегер. Пред да омажи за Крис, американските медиуми пишуваа дека легендарниот глумец не е воодушевен од изборот на ќерка му и се спротивставувал на бракот.