Глумецот Ненад Јездиќ пренесен во болница поради корона

Глумецот Ненад Јездиќ пренесен во болница поради корона

пред 3 години

Српскиот актер Ненад Јездиќ, вчера бил примен во болница во Белград поради корона, која предизвикала воспаление на белите дробови. Откако српските медиуми напишаа дека тој бил итно хоспитализиран, глумецот за „Блиц“ рекол дека се чувствува добро, но дека лекарите решиле да го задржат за да не му се искомплицира состојбата.

„Откако во понеделникот добив позитивен тест на коронавирусот, пуштен сум на домашно лекување. По денешниот преглед, лекарите одлучија да ме задржат на болничко лекување, иако јас лично не се чувствувам многу полошо. Во добри раце сум, сè ќе биде добро. Чувајте се и себеси и другите“, рекол тој за „Блиц“.

 

Share
Scroll to Top