Глумецот Том Сизмор заврши во болница во Лос Анџелес, медиумите пренесоа дека состојбата му е критична

Глумецот Том Сизмор заврши во болница во Лос Анџелес, медиумите пренесоа дека состојбата му е критична

пред 1 година





Глумецот Том Сизмор се бори за живот во болница во Лос Анџелес. Како што рече неговиот менаџер, глумецот Чарлс Лаго додека бил во неговиот дом викендов се онесвестил поради анеуризма на мозокот.

ТМЗ“ пренесе дека засега не е познато кој го нашол, но итната помош брзо стигнала кај него и го префрила во болница. Во моментов се наоѓа на интезвина нега.

„Лошо е, не знаеме дали може да се опорави од сето ова“, рече Лаго.

Низ годините Том имаше проблеми со користење на опојни средства и со кршење на законот. Беше уапсен за семејно насилство и поседување на контролирани супстанци.

Кариерата му беше и повеќе од успешна. Се појави во низа холивудски филмови како „Спасување на војникот Рајан“, „Падот на црниот сокол“, „Родени убијци“ и „Жештина“.





Share
Scroll to Top