Глумица и нејзиниот сопруг се обвинети дека имале секс со малолетничка

Глумица и нејзиниот сопруг се обвинети дека имале секс со малолетничка

пред 2 години

Глумицата Зара Фитиан, позната по нејзината улога во филмот на „Марвел“ од 2016 година, „Доктор Стрејнџ“, заедно со нејзиниот сопруг Виктор Марке се обвинети за сексално искористување на малолетно лице.

dobivaj vesti na viber

Двајцата се обвинети дека имале секс со 13 годишно девојче, пренесе Nottinghamshire Post. Девојката сега е полнолетна, а тврди дека Фитиан и Марке ја нападнале и сексуално ја искористиле. Според неа, силувањата се случиле во периодот од 2005 до 2008 година.

Таа додава дека имало моменти и кога се снимале.

„Знаев дека не е во ред, но едноставно не знаев како да се извлечам од ситуацијата или што треба да кажам“, им рекла девојката на полицајците.

„Се сеќавам дека се обидов да ја копирам реакцијата на Зарина во тие моменти, затоа што се угледував на неа и се обидував да бидам како неа во секој поглед“, додаде девојката.

И Фитиан и Марке во тие моменти работеле како инструктори во боречки вештини во Велика Британија. Девојката сега тврди дека Фитиан ја замолила да играат една игра „одважи се“, а потоа Марке ја терал на орален секс. Фитиан и Марке ги отфрлија ваквите обвинувања.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top