Големи колку една шака: најмалите раси на кучиња

Големи колку една шака: најмалите раси на кучиња

пред 3 години

Доколку некогаш сте се запрашувале која раса е најмала на светот, еве ги одгвоорите.

Ним просто е невозможно да им одолеете. Ова се најслатките минијатурни раси на кучиња.

Померански шпиц

Ова нежно куче е совршено милениче за семејствата кои живеат во стан и немаат доволно простор. Имаат доста специфично крзно поради кои личат на кадифена играчка. Тие важат за едни од најпопуларните раси на светот, а интересно е дека се многу храбри, што дури не се плашат ниту од поголемите раси на кучиња.

Чивава

Таа има специфичен карактер, тежи помеѓу 0,5 и 2,5 кг. Името ѝ потекнува од мексиканскиот град Чивава. Иако е минијатурна, лојална му е на сопственикот, а знае да биде и заштитнички настроена, што понекогаш е премногу гласна. Чивавата е верен пријател, срдечен и полн со љубов спрема газдата.

Руско џуџесто куче

Активно, доста весело и хиперактивно куче. Тежат до 3 килограми, а можат да живеат помеѓу 12-15 години.

Џуџеста пудла

Најкраткиот опис за оваа пудла е дека е интелигентно, приврзано и мирољубиво куче. Бара специфична нега на влакната, но затоа возвраќа со бескрајна љубов. Важно е да знаете дека ова куче може да се чува само во домашни услови, бидејќи е многу чувствително.

Бишон

Бишон во буквален превод од француски значи топчесто локнесто куче, а тежи помеѓу 3-5 килограми. Тој е семејно куче бидејќи е лојален, дружељубив и спрема децата, но и спрема другите животни. Неговата најпрепознатлива карактеристика е рунтавото бело крзно кое бара редовно чешлање.

Мопс

Мопсот е куче кое личи на играчка, има сплескано лице и муцка, полн е со набори и опашката му е свиена. Важни за една од најсимпатичните раси во нашава листа, харизматичен е по карактер, пријателски настроен и помалку смешен. Има убаво, сјајно влакно кое може да биде во различни бои, и мускулесто, мало тело кое го прави единствен.

Шицу

Шицуто е семејно куче затоа што добро се слага со малите деца, а некогаш го викаат и мини-лав. Има двојно слоевито, полно, густо влакно, кое бара секојдневно четкање. Пријателски е настроен со другите животни, па со нив може да живее во ист стан/куќа.

Share
Scroll to Top