Голманот Ноер, по Светското, си ја скрши ногата на скијање

Голманот Ноер, по Светското, си ја скрши ногата на скијање

пред 2 години

Германскиот голман Мануел Нојер ја скршил ногата на скијање по Светското првенство Катар. Два месеци подоцна германскиот весник „Билд“ објави детали за несреќата. Пренесе дека Нојер имал среќа затоа што се работело за отворена скршеница на фибулата, поради која обилно крварил.

Бил спасен од висококвалитетни панцири. Нојер имал среќа што и хеликоптерот за итни случаи бил во близија на скијалиштето каде се повредил, па стингал брзо да го пренесе во болница каде му била направена операција. Лекарите велат дека биле избегнати потешки компликации.

Нојер во моментов е на рехабилитација и засега е во добра состојба. Германецот сезонава нема да игра за Баерн Минхен, а ќе го замени швајцарецот Јан Сомер, кој од Борусија Менхенгладбах премина во баварскиот шампион.


Поранешниот играч на Баерн Минхен, Маркус Бабел го обвини Нојер за непрофесионализам.

„Бев шокиран. Пред сè му посакувам брзо опоравување. Но не ми е јасно како се случила целата оваа работа. Сите знаат колку скијањето е опасен спорт“, рече Бабел.

Потсети и на договорите во кои често има точки во кои им се забранува на играчите да се занимаваат со опасни спортови како скијањето.

„Затоа и бев изненаден. Ако тоа го имало во неговиот договор, тогаш не разбирам како можел да си дозволи да му се случи ова. Очекував повеќе професионализам од него“, рече Бабел.

Share
Scroll to Top