Голманот Страхиња Милиќ дава попуст во својот ресторан во Белград на сите што навиваат за Македонија

Голманот Страхиња Милиќ дава попуст во својот ресторан во Белград на сите што навиваат за Македонија

пред 3 години

Поранешниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ, им нуди попуст од 20% во својот ресторан во Белград, на сите што навиваат за Македонија на Европското првенство. На инстаграм профилот на ресторанот за мексиканска храна „Парапата“, тој остави порака: „Драги пријатели, дали и вие навивате за Македонија на ЕП? Секој што ќе нè посети со видливи обележја на Македонија, додека репрезентацијата игра на ЕУРО2020, ќе добие 20% попуст на храната и пијалаците“.

Популарниот Џамбо неколку години бранеше за Вардар, а откако си замина изјави дека времето поминато во Скопје му е едно од најубавите во животот и дека тука има многу пријатели заради кои секогаш ќе се враќа назад во Македонија.

Share
Scroll to Top