Пејачката Гоца Тржан е уште една во низата пејачки која била жртва на интернет измама. Нејзина фотографија била искористена за рекламирање на производ за брчки.
„Ова е лажна реклама. Овие измамници ги користат моите фотографии без овластување и мамат потенцијални купувачи. Законски не можам ништо да им направам, бидејќи се кријат зад лажни профили, но можам вака да ве предупредам за да не паднете на оваа измама“, рече Гоца.
Пејачката не е единствената жртва на ваквите реклами. Пред неа измамници го користеа и ликот на Нина Бадриќ, Драгана Мирковиќ и други пејачки.