Гоца Тржан: Ќерка ми не сака да го види татко ѝ

пред 3 години

Српкската пејачка Гоца Тржан со години се грижи сама за ќерката Лена која ја доби во бракот со Иван Маринковиќ. По разводот, Гоца и Иван не се во добри односи, а сега пејачката првпат прогoвори и за односот на Лена со татко ѝ.

„Лена не контактира со својот биолошки татко.Таа не ни сака да има комуникација со него, воопшто не сака да го види. Самата одлучи, јас не ја притискам“, рекла Гоца во интервју за телевизијата К1.

Таа кажала и дека Лена го прифатила вториот маѓ на Гоца, Раша, како некзин татко и дека често знае од него да побара совет.

„Сакам моето дете да е слободно, но сакам и да е умна, да учи и да ги проширува видиците. Нема врска што е одлична во школо и што учи, ја терам секој месец да чита по две книги и да научи десет нови зборови. Важно е жената да биде образована и самостојна за да успее во животот“, додала Гоца.

Share
Scroll to Top