Го продал синот затоа што не можел да најде работа

Го продал синот затоа што не можел да најде работа

пред 3 години

Кинез го продал своето бебе за 19.000 евра, на жена која ја запознал преку интернет, откако ја изгубил работата за време на пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за работник мигрант, кој веќе имал два сина, а на полицијата им пренел дека се соочил со големи финансиски проблеми, затоа што останал без работа.

Тој наводно ја убедил сопругата која била во друга блажена состојба да се согласи на оваа противзаконска продажба. Тие го продале бебето пред тоа да наполни 40 дена, на жена која очајно сакала да им го земе.

Полицијата дознала за трансакцијата сосема случајно. Жената била сомничена на органите на редот додека патувала со воз, заедно со детето.

Полицјаците ја замолиле да се симне од возот во градот Хефеј, а таа по испитувањето признала дека платила за бебето. Локалната полиција веднаш покренала истрага и дознала дека биолошките родители се мигранти кои работат во Кина.

Двојката веќе има два сина, на седум и две години возраст. Кога мајката забременила по трет пат, таа морала да престане да работи. Нејзиниот сопруг не можел да најде работа поради пандемијата, па сакал да заработи со продажбата на бебето.

На таткото сега му се заканува затворска казна од 10 години поради трговија со деца, а во некои случаи, ваквите казни достигнуваат и до доживотна робија, па дури и смртна казна.

Share
Scroll to Top