Го тужел шефот затоа што му било досадно на работа и сега ќе добие оштета од 40.000 евра

Го тужел шефот затоа што му било досадно на работа и сега ќе добие оштета од 40.000 евра

пред 2 години

Французинот Фредерик Деснард го тужел својот шеф и компанија каде работел, затоа што работата му била здодевна. Тој чувствувал дека не работи доволно за платата која ја добивал. Сега компанијата како оштета ќе му исплати 40.000 евра.

Фредерик во 2014 година во Париз дожвеал тешка сообраќајка. Додека возел доживеал епилептичен напад, па неколку дена ги поминал во кома.

По 7 месеци боледување, во 2014 година Фредерик се вратил на старото работно место во францускиот производител на луксузни парфеми Interparfums.

Иако бил вреден работник, откако се вратил од боледување луѓето во компанијата и неговите надредени потполно го занемариле. Фредерик времето го поминувал извршувајќи некои неважни обврски за директорот и работел од 20 до 40 минути дневно. На никому не му било гајле дали ќе се појави на време.

Ова траело повеќе од 4 години. Неговиот адвокат Виктор Билебо рече дека таквата состојба само го нарушила неговото здравје.

Адвокатите на компанијата во одбраната тврделе дека Деснард никогаш не кажал ништо за тоа дека му било здодевно на работа. Тој во 2020 година поднел тужба до судот за работни односи и барал оштета од 360.000 евра.

Иако компанијата тврдела дека тој никогаш не поднел жалба, судот се согласил дека занемарувањето е исто така форма на вознемирување, а пресудата била потврдена на крајот на 2020 година од Апелациониот суд во Париз.

Share
Scroll to Top