googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Познатата глумица Мерима Исаковиќ, која денес е успешен психолог, во интервју за „Србија Тајмс“, откри како пред 43 години била силувана од српскиот актер Бранислав Лечиќ. Таа откри дека Лечиќ ја силувал кога таа имала само 18, а тој 22 години.
„Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и го молам народот ова внимателно да го слушне. Имав само 18 години. Тој ме турна во станот. Ми кажа да не се обидувам да викам, дека никој нема да ме слушне и ме турна на земја. Го почувствував неговиот здив, тој застрашувачки поглед, празен и црн. Имаше очи без душа. „Знаеш ли кој сум јас? Треба да ти е чест што те сакам“, ми викаше додека ме силуваше. Во мене вриштеше глас, додека тој ја користеше мојата мојата немоќ. Го молев бога да престане“, изјавила Исаковиќ.